Connect with us

Ракомет

Алушовски: Савехоф ни се должници

Тренерот на Еурофарм Работнички Стевче Алушовски вели дека покрај негативната серија подготвени се да го дадат максимумот и да одат на победа на утрешниот меч од ЛШ против Савехоф.

-Савехоф ни е еден од должниците оваа сезона во Лигата на шампионите. Да бевме комплетни ќе бевме големи фаворити, но ние подолг период мака мачиме со повредени ракометари. Не можеме да реализираме добар тренажен процес и подготовка за дуелите после Веспрем. Имаме негативна серија, но спремни сме за Савехоф. Добро го анализиравме ривалот, верувам дека дел од повредените ракометари ќе ни помогнат да ја извојуваме втората победа во Лигата на шампионите. Савехоф е незгоден противник, доаѓа од ракометна земја, млада екипа е што сака многу да трча. Иако сме кратки во ростерот, на маката се познаваат јунаците и верувам во втора победа во Лигата на шампионите, вели тренерот Стевче Алушовски.