Фудбал
Алвес се сели во Премиер
Дел од фудбалските медиуми ја пласираа и информацијата дека бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Дани Алвес, сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши во англиската Премиер лига.

Офанзивниот бек има 35 години, но планира својата играчк кариера да ја заврши кога ќе наполнел 35 години. Според англиските медиуми, Алвес очекува понуда од Манчестер Јунајтед затоа што сакал да соработува со контроверзниот Жозе Мурињо, но би прифатил и понуда од Манчестер Сити, каде што може повторно да соработува со Пеп Гвардиола.