Connect with us

Тајмаут

Американска олимпијка која има 37 години тврди: Невина сум, а тоа ми прави проблеми

Американката Лоло Џонс влезе во историјата на Олимписките игри, бидејќи учествувала и на Летните и на Зимските игри. Таа е атлетичарка, но и возач на боб санка.

Меѓутоа нејзиниот љубовен живот е ужасен и тоа самата го призна неколку пати. Причина, како што вели, е нејзиниот став во брак да стапи невина. Има 37 години, а се уше не е мажена.

-Сама сум бидејќи никогаш немав сексуални односи, а мажите не сакаат да чекаат, вели Џонс во едно интервју.

-Некои мислат дека чажам, но некои го сфаќаат како предизвик. Но, кога ќе сфатат дека  сум сериозна и дека прво ќе мора да ме оженат, тогаш ќе ги снема. Додека не објавив дека сум девица барем имав шанса да најдам некој да се забавувам. Секогаш се прашував кога е вистинското време да му кажам? Дали да чекам подобро да ме запознае или веднаш да му ја кажам вистината.

Џонс се моли пред секое натпреварување, планира да се квалификува за Олимписките игри во Токио на трката на 100 метри.

-Сексот помага на спортистите бидејќи е добар за хормоните. Затоа јас сум во неповолна ситуација, вели Лоло Џонс.