Фудбал
Анчелоти е мајстор за трансфери: За 60 милиони евра, носи три страшни засилувања
Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, ќе направи голем ремонт на тимот што го води.
Имено, тој веќе долго време ги бараше вистинските засилувања и се чини дека конечно ги најде, а ќе им плати многу помалку од очекуваното.
Анчелоти сака да ја смени целата средина на Евертон, а во клубот сака да ги донесе Хамес Родригез од Реал Мадрид, Алан од Наполи и Дукур од Ватфорд.
Со оглед на моменталната состојба на трансфери, овие тројца играчи се очекува да вредат многу, но Евертон ќе ги донесе за 60 милиони евра.
Тоа е многу мала сума пари со оглед на квалитетот на играчите што Анчелоти ќе ги добие во неговиот клуб, и тој уште еднаш покажа како се работи.