Connect with us

Фудбал

Анчелоти ги тешел играчите: Па, јас финале во Лигата на шампионите загубив иако водев 3:0

Менаџерот на Евертон Карло Анчелоти беше многу разочаран по ремито на неговиот тим против Њукасл (2:2), особено ако се знае дека имаа водство од 2:0. Во последните минути неговиот тим прими два гола и остана без победа.

Но, според англиските медиуми, Карло Анчелоти ги тешел фудбалерите на Евертон со приказната за поразот во 2005-та година во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул. Како што е познато тој тогаш беше тренер на Милан, водеа 3:0, но до крајот примија три гола, а потоа по изведувањето на пеналите останаа без трофеј.

-Играчите се тажни во овој момент, но јас се обидов да ги утешам со зборовите дека сум загубил финале во ЛШ во кое имав водство од 3:0. Тоа е фудбалот, ваквите работи се случуваат, изјави Анчелоти по мечот.