Connect with us

Фудбал

Анчелоти: Модриќ во Саудиска Арабија? Тој е несреќен што не игра, но веќе се одлучил

Реал Мадрид и Селта Виго утре од 21:30 часот играат натпревар во третото коло во шпанското првенство. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред натпреварот доби прашање за хрватскиот играч за врска Лука Модриќ (37). Модриќ повеќе не е во стартниот состав на мадридскиот клуб, а не е ниту Тони Крос.

Шпанските медиуми дури пишуваа дека Модриќ е незадоволен и дека поради ваквиот статус во зима би можел да побара трансфер во Саудиска Арабија од каде веќе добил и одбил богати понуди. Но, Анчелоти ја смирува ситуацијата. На прашањето како се чувствува Модриќ и дали се плаши да не го загуби, италијанскиот тренер изјави:

Лука во Саудиска Арабија? Ова е необична сезона. Модриќ е навикнат да игра од првата минута, но сигурно ќе придонесе за тимот“.

Модриќ неодамна потпиша нов едногодишен договор со Реал. Со години заедно со Крос, а претходно и со Касемиро, кој замина во Манчестер Јунајтед, формираше трио од средниот ред со кое Реал освои се што можеше. Но сега младите играчи Џуд Белингам, Едуардо Камавинга, Феде Валверде, Арда Гулер и Аурелиен Чоамени ги истиснуваат од првиот тим.

Посебно се истакна Белингем (20) вреден 100 милиони со три гола и една асистенција на два настапи. Модриќ имаше вкупно 28 минути против ваква конкуренција на два натпревари оваа сезона – 10 против Атлетик Билбао (2:0) и 18 против Алмерија (31). Од друга страна се очекува да биде во стартниот состав против Селта Виго.