Connect with us

Фудбал

Анчелоти му се заблагодари на Бејл за се со култната фотографија и зборот „незаборавно“

Герет Бејл вчера објави дека става крај на својата играчка кариера. Славниот Велшанец се повлече од фудбалот на 34 години како играч на Лос Анџелес, а во објава на социјалните мрежи за крајот на кариерата напиша дека одлуката е конечна и итна. Бејл кариерата ја започна во Саутемптон, од каде замина во Тотенхем, а летото 2013 година за 101 милион евра во Реал. Тој остави најголема трага во Мадрид и постигна 106 гола со 67 асистенции на 258 натпревари. Со Реал освои и пет ЛШ.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти му се заблагодари на Герет Бејл за сè што поминале заедно, објавувајќи фотографија од финалето на Купот на Кралот во 2014 година против Барселона, кога Бејл го постигна еден од најубавите голови досега. „Незаборавно… Ти благодарам“, напиша Анчелоти со приложената фотографија.

Гол за аналите
Да потсетиме, на 16 април 2014 година Реал и Барселона го одиграа финалето на Купот на кралот на Местаља во Валенсија. Реал поведе во 10. минута со голот на Ди Марија, а Барса израмни во 68. преку Марко Бартра.

Но, токму Бартра стана предмет на потсмев поради она што го доживеа во 85. минута. Кога се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија, Коентрао му ја додаде топката во чекор на Бејл, кој ја смести во голот.

Незапирливиот Бејл, кој за момент изгуби рамнотежа, претрча покрај Бартра низ просторот зад аут линијата, го стигна, го заобиколи, успеа да ја контролира топката и да му ја турне низ нозете на Пинто за делириум кај навивачите на Реал.