Connect with us

Фудбал

Анчелоти откри, “Во следните десет месеци…“

Прва изјава на Карло Анчелоти за што е следно за него по отказот од Баерн Минхен.

Баварскиот клуб ја прекина соработката со Анчелоти поради лошите резултати во Бундес лигата и поради убедливиот пораз од ПСЖ (3:0) во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Само неколку часа подоцна стартуваа шпекулациите околу тоа која ќе биде следната дестинација на италијанскиот стручњак. Фудбалските медиуми шпекулираа дека тоа ќе биде Арсенал, Вест Хем, Милан, Кина, но Анчелоти, неколку дена подоцна стави крај на сите дилеми.

Што е следно за мене? Во следните десет месеци нема ништо да работам. Ќе се одморам, изјави поранешниот предводник на Парма, Јувентус, Милан, ПСЖ, Челзи и Реал Мадрид.