Connect with us

Фудбал

Анчелоти смисли како ќе го замени Винисиус

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смисли како ќе се справи со отсуството на повредениот Винисиус Јуниор. Бразилецот е надвор од терените најмалку еден месец и ќе ги пропушти натпреварите против Хетафе, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Лас Палмас, а можеби и со Џирона.

Хоселу како позајмен од Еспањол ќе влезе во стартните единаесетмина. Реал Мадрид може да остане со шемата 4-3-1-2 што ја наметна во текот на тековната кампања, а исто така е можно да се префрли на традиционалните 4-3-3 низ годините.

Во секој случај, местото на Винисиус на левата страна од нападот ќе го заземе неговиот сонародник Родриго. Во 4-3-1-2 до него ќе дејствува Хоселу, а зад нив ќе биде Џуд Белингем, додека во 4-3-3 на врвот на нападот ќе биде Шпанецот, десно Федерико Валверде, и Белингем ќе дејствува во средниот ред, заедно со Едуардо Камавинга и Аурелиен Чуамени.

Примерок на составот на Реал Мадрид : Кепа – Карвахал, Рудигер, Алаба, Фран – (Валверде, Чуамени, Камавинга – Белингем – Хоселу, Родриго) / (Чуамени, Белингам, Камавинга – Валверде, Хоселу, Родриго)