SPORTM.mk
Анчелоти со големо достигнување
Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата кој четири пати го освоил Суперкупот на УЕФА. Тој го предводеше Реал Мадрид до победа од 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт и ја препиша историјата.
На Олимпискиот стадион во Хелсинки се одигра натпреварот меѓу победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Головите за Мадрид ги постигнаа Давид Алаба и Карим Бензема.
First manager to win a league title in each of Europe's top five divisions 🏆
First manager to win four Champions League finals 🏆
First manager to win four UEFA Super Cup finals 🏆
Don Carlo Ancelotti ladies and gentleman 🔥 pic.twitter.com/GhGtwjKlkO
— ESPN FC (@ESPNFC) August 10, 2022
Анчелоти е четири од четири во битките за Суперкупот на УЕФА. Тој триумфираше двапати со Милан во сезоните 2003/04 и 2007/08. Со Реал успеа во 2014/15 и 2022/23.
Дон Карло во својата кариера има освоено вкупно 24 трофеи, а зад себе остави имиња како Сер Алекс Фергусон и Џовани Трапатони.