Connect with us

Фудбал

Андерлехт доби конкуренција, тим од Англија испратил понуда за Дарко Чурлинов

Германските медиуми пишуваат дека англискиот тим Барнли испратил официјална понуда до Штутгарт за ангажман на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Понудата изнесува 3,25 милиони евра, плус 1,25 милиони преку евентуални бонуси. Вкупно, тоа значи 4,5 милиони евра.

Со ова белгискиот гигант Андерлехт доби конкуренција во трката за потписот на Чурлинов. Пред неколку дена беше објавено дека овој тим го посакува во своите редови. Сепак, „Билд“ пишува дека наводно желбата на Чурлинов била да остане оваа сезона во Штутгарт и да се наметне во составот.

Минатата сезона тој играше на позајмица во Шалке во втората Бундеслига, кој обезбеди пласман во најдобриот германски ранг.