Connect with us

Фудбал

Ањели ќе биде осуден

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели со сигурност ќе биде санкциониран, објавија денес италијанските медиуми.

Тамошното обвинителство бара затворска казна од 2,5 години и парична казна од 50.000 евра за бизнисменот за нелегално снабдување со билети на навивачите на клубот од Торино.

Според адвокатите на Ањели, санкцијата може да се намали на една година забрана за вршење секаква дејност во фудбалот.

Италијанскиот шампион Јувентус ќе биде казнет со парична казна од 300.000 евра, како и двата натпревари на домашен терен без присуство на публика.

Ањели на почетокот на годинава беше обвинет дека шурувал со истакнати членови од мафијата од Калабрија која за едно место на стадионот продавала повеќе билети