Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Можам да кажам, секоја чест момци

Селекторот Игор Ангеловски по натпреварот и победата против Словенија од 2:1 видно беше задоволен од одличното издание на неговите избраници. Пофални зборови имаше за сите, а секако и за стрелецот на двата гола Елиф Елмас. Порача дека и во недела против Полска ќе се обидат да остварат позитивен резултат, а тоа е барем бод. Сепак, доколку се укаже шанса, зошто да не и сите три бода, рече Ангеловски.

-По еден ваков натпревар можам само да кажам секоја чест момци, изјави Ангеловски и притоа додаде:

-Пред мечот имавме разни проблеми, повредени играчи, некои не играле натпревари долго време…Остануваме заедно по победата, како и по поразите, порача Ангеловски.