Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Најважно е што освоивме три бода

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, е задоволен од денешниот триумф над Ерменија во 1. коло Ц-конкуренција во Лигата на нации.

– Ова беше прв натпревар по подолгата пауза и затоа немам што да им забележам на моите избраници. Најважно е што ги освоивме трите бода. На ваква температура беше тешко да се гледа, а не пак да се игра. Плус тоа измените беа намалени од пет на три, рече селекторот Ангеловски.

Во следното коло, на 8 септември, Македонија гостува во Грузија. зс/