Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски: Ние 5 години живееме ОБЕДИНЕТИ во репрезентацијата (ВИДЕО)

Заблагодарувајќи се на сите за присуството во раните утрински часови селекторот на македонската фудбалска репрезентација го започна својот говор на граничниот премин „Блаце“.
„Среќни сме што успеаве да го обединие народот, бидејќи ние во репрезентацијата така живеевме 5 години. Без разлика на етничка, верска било каква припадност. Бевме големо семејство, а тоа ни донесе пласман на Европско првенство“, рече Игор Ангеловски – селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Инаку, поради густата магла, авионот со кој патуваше репрезентацијата не можеше да слета во Скопје, па се приземји на аеродромот во Приштина. Од таму со авобуси пристигнаа во Македонија. На граничниот премин „Блаце“ беа пречекани од премиерот Заев и владина делегација, бројни фанови и новинарски екипи.

loading...

Facebook