Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски по бодот против Грузија во последните моменти: Оваа Македонија никогаш не се предава

Селекцијата на Македонија синоќа против Грузија освои бод во рамките од новата сезона од Лигата на нации и тоа со голот на Алиоски од пенал во судиското продолжение од мечот. По овој меч Македонија остана на првото место на табелата, со исто број бодови, по 6 со Грузија, но лидери сме поради подобрата гол разлика.

-Натпреварот со Грузија покажа дека Македонија никогаш не се предава. Без разлика на се покажавме карактер и се издигнавме од проблемите. Сите заслужуваат честики, почнувајќи од капитенот, па до секој фудбалер за максималната борбеност до крај, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Против истата селекција на 12-ти следниот месец во Тбилиси, Македонија го игра финалето од минатиот циклус во Лигата на нации. Победа на овој меч ќе значи историски пласман на Европското првенство кое ќе се одигра следната година.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама