Поврзи се со нас

Фудбал

Ангеловски: Победата е за едно момче кое лежи во кревет, Енис Барди!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на прес конференцијата по мечот, во целата еуфорија се сети и на оние кои вечерва не можеа да настапат од разни причини, а во текот на претходниот период придонеле многу за овој историски успех.

-Покрај овие момци овде што се, има едно момче што лежи во кревет, Енис Барди. Има момци кои беа позитивни, Kрсте, Kире, Дамјан, Буба и останатите кои имаа заслуга за успехот што го постигнавме. И тие се заслужни за ова што го постигнавме и затоа им благодарам, изјави Ангеловски.

Инаку, Барди имаше повреда и не можеше да настапи вечерва. Останатите добија позитивен тест на Ковид 19, па поради тоа го пропуштија финалниот натпревар од плеј офот од Лигата на нации против Грузија.

 

loading...

Facebook