Connect with us

Фудбал

Ангеловски подготви изненадување за Италијанците

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски со две изненадувања во почетниот состав ќе го почне вечерашниот дуел во Торино против Италија.

Досегашниот играч од десната странична позиција Стефан Ристовски ќе игра како стопер во тандем со Висар Муслиу, а не негово место ќе се најде Марјан Радески.

Македонија на „Олимпискиот Стадион“ во Торино ќе истрча во следниот состав: Димитриевски, Ристовски, Велковски, Муслиу, Радески, Спировски, Алиоски, Барди, Несторовски, Пандев, Хасани. Селектор: Ангеловски.

За Италија во почетните 11 ќе бидат: Буфон, Барѕаљи, Бонучи, Кјелини, Дармијан, Пароло, Гаљардини, Запакоста, Инсиње, Имобиле, Верди.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 45 минути.