Connect with us

Фудбал

Ангеловски пред дуелите со Австрија и Израел: Кога се игра за репрезентација, не смее да нема мотив

„Не смее да има прашање дали има мотив. Кога се работи за репрезентација, секој што игра во тој дрес, мотив мора да има.“, изјави селекторот Игор Ангеловски на првиот собир на селекцијата за мечевите со Австрија и со Израел.

Тој додаде дека и покрај проблемите со повредени, нема жалење, и дека е убеден оние кои ќе настапат, ќе го дадат максимумот за добар резултат.

„Трети сме, и сакаме да останеме таму. Целта е да освоиме што повеќе бодови и да пробаме што повеќе тактички комбинации за она што претстои во март“, порача селекторот.