Connect with us

Фудбал

Ангеловски: Со Австрија и Израел за бодови, но ќе мислиме и на Косово

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски пред квалификациските дуели со Австрија и Израел вели дека ќе се борат за бодови на овие мечеви, но дека мора да се размислува и за плејоф-дуелот со Косово.

– Ќе се бориме за бодови, но мора да мислиме и за плејофот со Косово бидејќи немаме пријтелски дуели по овие два натпревари. На овие мечеви ќе треба тактички да се довоиграме, иако мислам дека сме доволно воиграни, вели селекторот.

Фудбалска репрезентација на Македонија ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020. На 16-ти ноември гостуваме кај Австрија, а три дена подоцна го пречекуваме Израел.