Connect with us

Фудбал

Англичаните назначија нов селектор, анонимус го наследи Герет Саутгејт

Фудбалската асоцијација на Англија  официјално соопшти дека Ли Карсли, прилично непознат 50-годишен стручњак, е назначен за нов селектор на Гордиг Албион. Карсли беше назначен како привремено решение бидејќи се ближи стартот на новата сезона во Лигата на нации, а интересно е што тој никогаш во кариерата не раководел со ниту еден сениорски тим или клуб.

Карсли последните три години ги мина на клупата на младата репрезентација на Англија, претходно беше помошник тренер во таа селекција, а таа функција ја имаше во Бирмингем, Брентфорд и Шефилд Јунајтед.

Тој никогаш немал независен сениорски ангажман, освен кога привремено ги водеше Ковентри, Брентфорд и Бирмингем на неколку натпревари како привремено решение. Потсетуваме, Герет Саутгејт претходно ја напушти клупата на Англија, откако Горди Албион беше поразен во финалето на ЕП против Шпанија.