Фудбал
Од Англија полош само Сан Марино, немаат ниту еден постигнат гол од игра
Англија и Сан Марино се единствените селекции без постигнат гол од игра во годинешното издание на Лигата на нации на УЕФА. За волја на вистината Англија има еден, но од пенал, против Германија во ремитот 1:1, а Сан Марино нема ниту еден.
Англија вчера беше поразена на гостински терен од Италија со 1-0 во Групата 3 од А – Дивизијата и се наоѓа на последното место на табелата со само два освоени бода.
Репрезентацијата предводена од Герет Саутгејт постигна само еден гол во натпреварувањето и тоа во ремито (1-1) на гостувањето во Германија, а стрелец тогаш од белата точка беше капитенот Хари Кејн.
Од друга страна, Сан Марино е единствената репрезентација која нема постигнато гол и во Групата 2 од Д – Дивизијата е последно пласирана без бодови и со гол – разлика 0-5.