Фудбал
Англија против Италија и Украина без Рашфорд и Маунт

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе го пропушти почетокот на квалификациите за Евро 2024 оваа недела и натпреварите на Англија против Италија во Неапол во четврток и против Украина на Вембли во недела поради повреда заработена на четвртфиналето од ФА Купот во недела против Фулам.
Јунајтед соопшти дека Рашфорд, кој беше на теренот до 83. минута, претрпе удар во акцијата која му претходела на голот на Фулам во 50. минута.
Освен Рашфорд, кој оваа сезона постигна 30 гола за Јунајтед и Англија, а во февруари беше прогласен за играч на годината во Премиер лигата, селекторот на Англија, Герет Саутгејт нема да може да смета на играчот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт за натпреварите против Италија и Украина.