Connect with us

Фудбал

Англија рутински против Андора, по три бода и за Албанија и Бугарија

Продолжија квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Четири дуели од петтото коло се одиграа во 18 часот.

Во групата И, Англија очекувано ја совлада Андора со убедливи 4:0. Линдгард постигна два гола, Кејн и Сака по еден.

Во истата група, Албанија ја совлада Унгарија со 1:0, а херој кај Албанците беше напаѓачот на Саутемптон Армандо Броја, кој погоди во 87. минута од натпреварот.

Во групата Ц, Бугарија го потврди голем бод од Италија со триумф против Литванија со резултат 1:0, а одлучувачкиот гол го постигна Чочев во 82. минута.

Вистинска драма се случуваше Исланд.

Нашата репрезентација имаше водство од 0:2 против Исланд со головите на Велковски и Алиоски, но Исланѓаните се вратија во мечот со головите на Бјарнасон и Гудјонсен и натпреварот заврши 2:2.