Connect with us

Тајмаут

Англискиот фудбалер ја фатил сопругата со друг маж, но не сакал да ги прекинува! Неговата реакција ги шокирала сите

Поранешниот англиски репрезентативец Дарен Бент направи како што малкумина би направиле кога ја пронашол сопругата Кирсти Мекларен со љубовник во нивниот дом.

Кога станаа познати настаните во куќата на Бент, таблоидите со денови пишуваа за него и неговата избраничка. Кога се вратил дома околу шест часот наутро, ја нашол сопругата со друг маж! Неговата реакција на тоа ги збуни сите – тој не ја прекина нивната акција туку отишол да се прошета.

Тој се вратил кога љубовникот си заминал, а потоа започнала жестока расправија меѓу сопружниците, која ја принудила полицијата да реагира. Некои таблоиди објавија дека тоа што му се случило е карма.

– Го доби заслуженото, бидејќи го оставила својот поранешен сопруг, играч на Астон Вила, пред олтарот – напишале тие.

Некои тврдеа дека таа му возвратила, и дека таа прва го фатила во измама. Бент веќе неколку години е во пензија, а во кариерата настапуваше за Тотенхем, Сандерленд, Астон Вила, Фулам… Додека за „Албион“ забележа и 13 настапи.