Фудбал
Анри: „Салах ќе биде подобар од Кутињо покрај Клоп“
Египјанецот со високо темпо игра во Ливерпул откако стигна на Енфилд за 35 милиони фунти од Рома, постигнувајќи четири гола во Премиер Лигата на четири настапи.
Легендата на Арсенал верува дека ги има сите карактеристики да биде уште подобар покрај Клоп во наредните сезони.
“Не мислам дека станува збор за докажување на Мурињо, тоа е докажување на навивачите на Ливерпул дека Салах е тој човек дека може да биде како Кутињо ако не е подобар”, изјави Анри за Sky Sports.
“За мене, тој [Салах] е посебен, има нешто посебно. Тој ќе биде многу важен играч за Ливерпул. Ми се допаѓа фактот што тој е одлучен и директен, немаме многу такви играчи во играта повеќе. “