Фудбал
Антонио Конте како да тренира мал тим, а не Интер: Реал Мадрид е на друго ниво
Антонио Конте веројатно ќе остане уште некое време на клупата на Интер, иако е пред елиминација во групната фаза од ЛШ и иако се наоѓа на петото место на табелата. Веројатно на клупата го „држи“ скапиот договор, односно обештетување од десетици милиони евра кои би требало Интер да му ги исплати доколку предвреме му го раскине договорот.
Но, изјавата негова по поразот на домашен терен од Реал Мадрид, со кој шансите за пласман во следната рунда се минимални, навистина зачудува. Иако „Кралевите“ играа без неколку стандардни првотимци, сепак Конте како да тренира мал тим, а не Интер и вели Реал Мадрид е друго ниво.
-Тешко е да играте против тимови каков што е Реал Мадрид. Бевме подготвени да дојдеме до целта, но тежок е патот кога ќе останете со 10 играчи на терен. Ја видовме разликата помеѓу нив и нас. Ова не треба да не сруши. Постои начин да се продолжи напред, а тоа е работа, работа и само работа. Мора да се работи многу повеќе од ова, вели Конте.