Други спортови
Аргентина и Велика Британија со „вајлд карта“ за новиот формат на „Дејвис купот“
Аргентина и Велика Британија добија „вајлд карта“ за учество во финалниот турнир за „Дејвис купот“ во 2019 година.
Новиот формат на неформалното светско тимско првенство во тенис влегува во сила од следната сезона, а во него ќе бидат вклучени 18 тима кои ќе играат во шема со директни елиминации во рок од една недела во ноември.
Останатите сигурни учесници се полуфиналистите од оваа кампања Хрватска, Франција, Шпанија и САД.
Другите 12 екипи ќе бидат определени по квалификациите во февруари.
Велика Британија ја освои титулата во „Дејвис Купот“ во 2015 година, а Аргентина триумфираше со трофејот година подоцна.