Connect with us

Фудбал

Аргентина вечерва во полн состав, Бразил нема право да одбие да го одигра натпреварот

Два часа пред почетокот на натпреварот Брази – Аргентина, гостинската екипа доби шокантна информација дека четворица нивни играчи не можат да играат.

Имено, бразилските власти го известија аргентинскиот табор дека Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијано Ромеро и Емилијано Буендија не можат да играат вечерва затоа што го прекршиле КОВИД протоколот.

Споменатите аргентински играчи не пријавиле дека биле во Англија во изминатите 14 дена, иако ова е очигледно затоа што играат во Премиер лигата.

Во Бразил, правилото за задолжителна изолација е на сила за сите оние кои останале во Англија во претходните две недели. Аргентинските фудбалери не го пријавија тоа, и два часа пред почетокот на натпреварот беше донесена одлука дека мора да бидат ставени во карантин или веднаш да го напуштат Бразил.

Аргентинците жестоко реагираа на оваа одлука и рекоа дека никој не им кажа каков е протоколот и селекторот Лионел Скалони одби да ги исфрли споменатите играчи од тимот.

Новите информации од Бразил велат дека КОНМЕБОЛ ја донесе одлуката споменатите аргентински играчи да можат да играат без разлика на одлуката на домашните власти бидејќи делегатите на натпреварот проценија дека тие би можеле да бидат во составот.

Исто така, доколку во случај Бразил одбие да одигра натпревар, три бода автоматски ќе и припадне на аргентинската репрезентација.

Пред неколку моменти беше објавен составот на Аргентина за овој натпревар, а од првата минута играат Мартинез, Ромеро и Ло Селсо.