Connect with us

Ракомет

Аргентинец доаѓа во Вардар?!

Аргентинскиот ракометар Пабло Симоне, иако ова лето потпиша за Сиудад Енкантада, сепак од следната сезона би можел да го носи дресот на македонскиот тим Вардар. Информацијата ја „лансираше“ ракометен сајт „handball100x100“.

Наводно, тој сакал да игра во Лигата на шампионите, а тоа може да му го овозможи токму Вардар. Тој има 28 години и игра на позицијата централен бек, а за репрезентацијата на Аргентина одиграл 90 мечеви.

Инаку, Пабло е две години помлад брат на Диего Симоне кој игра за Монпеље и е далеку попознат во светот на ракометот.