Фудбал
Арсен Венгер почна да се жали, Барселона сака да се приклучи на Премиер лигата
Арсен Венгер, изјави дека ако Барселона одлучи да игра во Премиер Лигата, ќе стане лигата уште потешка.
Првиот човек на вицешампионот на Шпанија, Жозеп Мариа Бартомеу пред неколку дена изјави дека е можно Барселона да ја напушти Примера доколку Каталонија прогласи независност.
И фудбалскиот клуб Барселона се приклучи на генералниот штрајк по референдумот кој се одржа во неделата.
Ако Барселона сака да се приклучи на Премиер лигата, тоа ќе им ја отежне работата на сите клубови. Ќе биде многу интересно, но ќе има и инцидент од спортска гледна точка, затоа што Барселона е политички клуб. Ќе биде интересно да се види како ќе одговорат на играта која се форсира во Премиер лигата. Имаме доволен број на клубови, но ако некој сака тој број да биде зголемен на 24, тогаш прво треба да ги контактираме шкотските клубови, а потоа шпанските клубови, изјави францускиот стручњак.