Фудбал
Арсенал без шест играчи во продолежнието на сезоната
Повреда, суспензии, операции, рехабилитација се причините поради кои си заминуваат од лондонската екипа.
Фудбалерите Пјер-Емерик Обамејанг, Калум Чемберс, Сеад Колашинац, Рај Нелсон, Сократ и Киран Тиерни нема да играат за Арсенал во наредниот период, објави денеска лондонскиот клуб.
Часбрас го повреди коленото во ноември, а по успешната операција закрепнувањето се очекува да трае помеѓу шест и девет месеци.
Колашин има проблеми со бутот, а неговото враќање се очекува на почетокот на февруари.
Кога станува збор за Нелсон, тој е отсутен поради повреда на потколеница, а исто така ќе се врати на почетокот од следниот месец.
Сократ е болен, додека Тиерни го повреди десното рамо. Операцијата беше успешно завршена и се очекува враќање во мај.
Во моментов Арсенал се наоѓа на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 29 бода.
Следниот натпревар ги чека во вторник против Челси.