Connect with us

Фудбал

Арсенал како во најдобрите денови: Топџиите лесно до трета последователна победа

Фудбалерите на Арсенал без поголеми проблеми го добија натпреварот од 3.коло на англиската Премиер лига на гостувањето кај Бурнмаут со резултат 3:0.

Арсенал фуриозно ја отвори новата сезона. Во првото коло победија на гостувањето кај Кристал Палас со 2:0, потоа дома го победија Лестер со 4:2, а во второто гостување премногу лесно го совладаа Борнмаут.

Веќе во петтата минута тимот од Северен Лондон поведе, а погоди Мартин Одегард. Норвежанецот во 11. минута зголеми на 2:0 на асистенција на Габриел Жесус.

Токму Хесус, кој се покажа како големо засилување по доаѓањето од Манчестер Сити, добро се снајде пред да биде постигнат првиот гол.

Во 53. минута Салиба му асистираше на Џака да ги постави конечните 3:0. Мрежата на немоќниот домаќин се тресеше дури во 73. минута, но Габриел Жесус беше во офсајд, што беше потврдено со прегледување на снимката.

Се на се, уште една убедлива партија за Арсенал, кој има максимални девет бода, а сега ги следи лондонското дерби со Фулам кое е закажано за в сабота.

Борнмаут остана на една победа, а сега следи тешко гостување кај Ливерпул на „Енфилд“.