Фудбал
Арсенал му го продолжи договорот на Чејмберс
Премиерлигашот Арсенал му го продолжи договорот на младиот одбранбен фудбалер Калум Чејмберс.
Со новиот договор 22-годишниот играч се обврзува да остане на „Емирати“ до 20201 година.
Чејмберс минатата сезона беше на позајмица во Мидлзброу, а оваа сезона поради повреди нема многу настапи.
Кариерата Чејмберс ја почна во Саутемптон од каде во 2014 година премина во Арсенал. Тој од 2012 е англиски репрезентативец во младинските селекции, а за сениорската има одиграно три натпревари.