Connect with us

Фудбал

Арсенал наскоро ќе добие нов тренер, а веќе се наѕира неговото име

Премиерлигашот Арсенал ќе добие нов тренер, а медиумите веќе шпекулираат со имиња. Едно од најспоменуваните е името на Микел Артета, шпанскиот стратег кој работи како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Гвардиола во изјава за медиумите информираше за оваа новина.

„Околу информациите, знам истото што и вие. Артета е одличен тренер и личност. Во преговори е во Арсенал, тоа е се што знам“, им соопшти Гвардиола на новинарите.