Connect with us

Фудбал

Арсенал во паника, поради Емери двајца најдобри фудбалери сакаат да заминат

Голем број на играчи во Арсенал сметаат дека Унаи Емери не е дораснат на задачата да го води клубот. Дури и да се подобрат резултатите, проблемот останува, бидејќи поради Емери голем дел од играчите не сакаат да останат во клубот.

Посебно се истакнуваат Лаказет и Обамејанг, двете најголеми ѕвезди. Двајцата сметаат дека го губат времето во Арсенал и дека клубот не е способен да направи големи работи, но и дека Емери не е како големите тренери, кои би можеле да го однесат клубот на врвот.

Се појавија и информации дека Емери би можел да биде сменет доколку резултатите не се подобрат. Сепак, клубот ќе мора да му плати пет милиони евра обештетување, доколку одлучи предвреме да ја прекине соработката.