Connect with us

Фудбал

Асенсио ги разбранува духовите околу Мбапе

Последното засилување на Пари Сен Жермен, Марко Асенсио, сподели љубопитен колаж на своите социјални мрежи откако му се приклучи на францускиот шампион.

Шпанецот постави колаж „Bleacher Report Football“ на својата приказна на Инстаграм во кој е сликан заедно со старлетата на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Невообичаено во ова е што позадината не е Паркот на принцовите, туку Сантијаго Бернабеу, од каде што потекнува Асенсио, кој се раздели со Реал Мадрид по истекот на неговиот договор.

Килијан Мбапе, пак, силно се поврзува со трансфер во Реал, кој веќе неколку години е заинтересиран за него и се уште не може да го привлече, но летово се чини дека трансферот ќе се оствари.