Поврзи се со нас

Фудбал

Асистентот го изнервира Клоп: “Дали си луд? Ние не правиме такви работи” (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Челси со 0:2 во дербито од 2. коло на Премиер лигата на гости. Херој на денот беше Садио Мане кој ги постигна двата гола за „црвените“.

Работата на шампионот ја олесни и Андреас Кристенсен, кој доби црвен картон на крајот од првото полувреме, па гостите играа со играч повеќе во текот на целото второ полувреме.

Кога на стоперот на „сините“ му беше покажа патот кон соблекувалната, имаше аплаузи од клупата на „црвените“, што го иритираше Јирген Клоп.

„Дали си луд? Никогаш, никогаш не го правиме тоа, дали е јасно?“, викаше Германецот на еден од неговите асистенти.

По натпреварот дојде објаснувањето на еден од најдобрите тренери на денешницата кој прави навистина одлична работа со Ливерпул.

„Не беше еден од резервните играчи, туку друг член на стручниот штаб, но јас му реков што мислам за тоа и тој го прифати тоа. Во тоа време, тоа не беше нешто што сакав да го видам“, рече Клоп.

Advertisement

Facebook

Реклама