Connect with us

Фудбал

Аспас партнер на Инсиње

Стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот прволигаш Селта од Виго, Иаго Аспас, е најновата желба на контроверзниот сопственик на италијанскиот калчлигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Крилниот напаѓач го привлече вниманието на фудбалската јавност со одличните партии кои ги презентира во Примера дивизион, а првиот човек на “азурите” е убеден дека Аспас ќе има одлична соработка со најдобриот фудбалер на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Сепак, желбата на Де Лаурентис ќе стане реалност само доколку официјалната понуда за шпанскиот интернационалец не биде помала од 25 мил. евра.