Connect with us

Фудбал

Аталанта го откупи „својот“ напаѓач – 742.000 евра за постигнат гол

Аталанта го откупи напаѓачот Дуван Запата од Сампдорија, кој веќе втора сезона го носи дресот на тимот од Бергамо. Цената е 26 милиони евра. Тој претходно пристигна на двегодишна позајмица за 14 милиони евра, со опција да го откупи договорот и да плати дополнителни 12 милиони.

-Многу сум среќен, благодарам на Аталанта која верува во мене. Тука градиме нешто важно и можеме многу убави работи да постигнеме заедно, изјави Запата за клупскиот сајт.

Запата постигна 35 голови на 49 мечеви во дресот на Аталанта. Три месеци не играше поради повреда, но на теренот се врати на мечот со Парма одигран пред десет дена.