Фудбал
Аталанта најдобра екипа во Серија А во изборот на „Газета дело Спорт“
Реномираниот италијански спортски весник „Газето дело Спорт“ ја избра Аталанта за најдобра екипа во Серија А за 2020 година.
Тимот од Бергамо ја заврши сезоната 2019/20 на третото место, а во Лигата на шампиони избраниците на Џанпјеро Гасперини беа елиминирани од ПСЖ во четвртфиналето.
Стратегот на Милан, Стефано Пиоли е прогласен за тренер на годината, додека напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е добитник на награда „Легенда“, што традиционално ја доделува „Газето дело Спорт“.