Фудбал
Атлетик: Њукасл купува играч од средниот ред на Милан во рекорден трансфер за двата клуба
Њукасл е многу блиску до договор со Милан околу трансферот на играчот од средниот ред Сандро Тонали (23), вреден 70 милиони евра, пренесува Дејвид Орнштајн, новинар на Атлетик. Преговорите се во завршна фаза и Њукасл на тој начин ќе го доведе играчот кој беше најголема желба на тренерот Еди Хау во средниот ред.
Тоа ќе биде рекорден трансфер за двата клуба. Њукасл ќе се изедначи со износот на нивното најголемо купување во историјата – за 70 милиони евра минатата година го купи Александар Исак од Реал Сосиедад. За Милан тоа ќе биде најголемата продажба досега, а моменталниот рекорд го држи Кака, кој во 2009 година беше продаден на Реал за 67 милиони.
Тонали игра во Милан од 2020 година. Тој прво пристигна на позајмица од Бреша за пет милиони евра, за една година подоцна да биде купен од италијанскиот гигант за уште 14,5 милиони. Тонали одигра 130 настапи за Милан и постигна седум гола.