Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид го претстави Сесар Аспиликуета

Атлетико Мадрид официјално го објави потписот на Цезар Аспиликуета, кој на слободен трансфер од Челзи дојде во тимот од главниот град на Шпанија.

33-годишниот дефанзивец потпиша 1-годишен договор со Атлетико Мадрид.

Аспиликуета го напушти Челзи по 11 години во клубот во кој забележа 508 настапи. Шпанецот беше дури и капитен на „сините“ од Лондон, со кои се прости на крајно емотивен начин.