Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид и официјално го откупи Гризман, голем губитник е Барселона

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид официјално го откупи Антоан Гризман од Барселона на траен договор до 2026 година.

Французинот претходно беше на позајмица која истекуваше следното лето и предизвика големи контроверзии поради клаузулата во договорот меѓу двата клуба, според која Атлетико мораше да и плати на Барселона голема сума пари за минутажата на Гризман.

Затоа Диего Симеоне го користеше исклучиво по 60. минута од секој натпревар, но Французинот возврати со три гола и две асистенции.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, воопшто не го сакаше во тимот, особено затоа што не испорача, а во исто време имаше вкупна плата од 36.000.000 евра според преостанатиот договор од две години, кој ја оптоваруваше касата на Каталонците. Лапорта таа потенцијална ситуација ја нарече „драма“. Гризман сега е полноправен член на Атлетико за 20.000.000 евра, а доколку „јорганџиите“ го продадат за 40.000.000, Барса ќе заработи одредена разлика.

Губитник во целата приказна околу Гризман е само Барселона, која го донесе од Атлетико во 2019 година за цели 120.000.000 евра. Тој зел речиси 80.000.000, што вкупно изнесува 200.000.000 европски банкноти, на име на неговата заработка до овој момент.