Фудбал
Атлетико Мадрид прави чистка за Диего Коста
Англискиот премиерлигаш Евертон ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на францускиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро.
Евертон значително се засилија во текот на летото со парите од Лукаку, но, го немаат стартот кој го посакуваа, имаат само седум бодови од можни 18.
Со доаѓањето/враќањето на Диего Коста, се подразбира чистка во нападот. По Гамеиро се очекува и Лучијано Вието да замине од Атлетико.