Connect with us

Фудбал

Атлетико му нуди трампа на Арсенал

Атлетико Мадрид има проблеми со ефикасноста оваа сезона. Гризман е во Барселона, Диего Коста не е оној стариот, единствен расположен е Мората. Симеоне го сака Единсон Кавани, но тешко е ПСЖ да го пушти во јануари.

Поради тоа Атлетико Мадрид му нуди трампа на Арсенал. Во Лондон да го испрати Томас Лемар, за кого „Топџиите“ одамна се интересираат, а во спротивна насока да го добијат Александар Лаказет.

Се чека реакцијата на Арсенал.