Connect with us

Фудбал

Атлетико подготви нов договор за Чоло Симеоне

Атлетико Мадрид подготви нов договор за тренерот Диего Симеоне. Актуелниот на Аргентинецот истекува на крајот од сезоната.
Желбата на претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо е Симеоне, кој е на чело на тимот од 2011 година, да остане уште три години.

Се верува дека тој би можел да се согласи со условите и да го потпише договорот уште на претстојната репрезентативна пауза.

Сепак, Чоло Симеоне, како и играчите, ќе мора да се согласи на намалување на платите за 45 отсто поради финансиски проблеми.

Клубот сака да заштеди дополнителни 19 милиони евра оваа година, а тоа е само во платите.

Симеоне освои две титули во Ла Лига со Атлетико Мадрид, една Копа дел Реј, шпанскиот Суперкуп, два трофеи во Лига Европа и Суперкупот на УЕФА, а играше и во две финалиња во Лигата на шампионите, губејќи од градскиот ривал Реал.