Connect with us

Други спортови

АТП Токио: Гофан и Манарино во финале

Финалистите во Токио се Давид Гофан и Адријан Манарино.

Белгиецот Гофан со 7:6(3)/7:6(6) го победи Аргентинецот Диего Шварцман за вторпат едноподруго да игра во финалето во Токио, каде што ќе се сретне со Французинот Манарино, кој се врати од сет-негатива за 6:7(5)/6:4/6:0 победа над хрватскиот фаворит Марин Чилиќ.

Со оваа победа Гофан има низа од осум триумфи едноподруго, вклучувајќи четири за освојувањето на првата титула од 2014 минатата недела во Шенжен, Кина. Тој е на 10. место на АТП трката до Лондон, а бидејќи Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка се повредени и не играат до крајот на сезоната, тоа место е доволно за пласман на елитниот турнир.