Connect with us

Фудбал

Азар го одбил ПСЖ неколку пати, но не поради Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид и белгиската репрезентација Еден Азар, во интервју за „Л’Екип“ изјави дека неколку пати го одбил ПСЖ, пред да потпише за Реал Мадрид.

Сепак, како што открива Белгиецот, тоа го направил не поради „Кралевите“, туку поради тоа што во Франција единствениот клуб за кој би играл е Лил.

-Во мојата глава се е кристално јасно. Тие се клуб кој може да ми помогне да ја освојам Лигата на шампионите, но не е во моите планови. Доколку некогаш се вратам во Лига 1 (Франција), тоа ќе биде само во Лил, вели Азар.

Белгиецот играше за младинските категории на Лил, за сениорската екипа од 2005 до 2007, а потоа се пресели во Челзи. Сега го носи дресот на Реал Мадрид.