Connect with us

Фудбал

Баер Леверкузен повторно потпиша со светски шампиони

Баер Леверкузен го продолжи договорот со аргентинскиот играч за врска Езекиел Паласиос на уште 3 години, задржувајќи го во клубот до 2028 година.

24-годишниот Паласиос му се приклучи на Леверкузен во 2020 година од Ривер Плата и стана клучен играч во германскиот тим. Неговиот претходен договор беше до 2025 година.

“Езекиел Паласиос се етаблира како неверојатно важен играч. Фактот дека тој беше клучен член на репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Катар ги нагласува неговите квалитети како тимски и индивидуален играч”, изјави спортскиот директор на Леверкузен, Симон Ролфес.

И Паласиос е задоволен од новиот договор.

Клубот исполни се што вети кога потпишав. Навистина се чувствувам како дома и можев да продолжам да се развивам како играч“, изјави Аргентинецот.

Леверкузен силно ја започна сезоната во Бундеслигата со четири победи и едно реми.